Противпожарниот аларм во Нотр Дам се огласил двапати, но првиот пат не виделе оган

Од:

Досега се сослушани околу 30 лица во врска со синоќешниот пожар во катедралата Нотр Дам, соопшти претставник на париското правосудство. Најголемиот дел од нив работеле на реставрација на катедралата.

Според претставникот на париското правосудство, кој побарал да остане анонимен, противпожарниот аларм синоќа се огласил двапати. Првиот пат, неколку луѓе, меѓу кои и пожарникари кои биле постојано на градилиштето, отишле под покривот да видат што се случува, но ништо не откриле.

Вториот пат било предоцна, бидејќи ветрот бил пресилен.

На случајот работат меѓу 40 и 50 истражители, но не им е дозволено да влезат во катедралата од безбедносни причини.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“