Противниците на шкотската независност имаат мала предност

Од:

Атмосферата во Велика Британија е мошне вжештена еден ден пред референдумот за независност на Шкотска.

Последниот ден од кампањата пред Шкотланѓаните да се упатат кон гласачките кутии, почна со објавување на речиси идентични податоци за расположението на граѓаните од различни анкети.

Истовремено три анкети покажаа дека мислењата се поделени речиси еднакво. Шкотската независност ја поддржуваат 48 отсто од анкетираните, а 52 отсто се против.

Одреден дел од гласачите, односно меѓу осум и 14 отсто од 4,3 милиони Шкотланѓани се уште не одлучиле како ќе гласаат.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година