ВИДЕО: Протестите во Бразил вон контрола, еден загинат и десетина повредени

Од:

Бразилските медиуми јавија дека едно 18-годишно момче загинало во градот Рибејрао Прето, на околу 300 километри северно од Сао Паоло, кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти.

Група учесници на протестите во Бразил, синоќа упаднаа во Министерството за надворешни работи во Бразилија, при што се судирија со полицајците кои употребија палки и солазавец за растерување на демонстрантите.

При судирите се повредени десетина лица и се искршени неколку прозорци и влезната врата на Министерството,а полицијата упасила две лица.

Во текот на вчерашниот ден групи демонстранти се обиделе да влезат и во зградата на Парламентот и во Претседателската палата во Бразилија, кои се обезбедувани од полиција и припадници на Армијата.

Протести синоќа се одржаа и во Рио де Жанеиро, каде на улиците излегоа околу 300.000 лица, а немири имало и во градот Салвадор, каде се одигра мечот од фудбалскиот Куп на конфедерациите меѓу Нигерија и Уругвај.

Според полициски извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу 800.000 и еден милион лица.

Поради демонстрациите против социјалната неаднаквост кои започнаа пред десетина дена како протест поради поскапувањето на јавниот транспорт во Сао Паоло, но подцна се проширија низ целата земја, бразилската претседателка Дилма Русеф ја откажа планираната посета на Јапонија.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски