Протестите во Бангладеш продолжуваат

Од:

Едно лице загина, а повеќе се повредени во судирот на демонстрантите со полицијата, на југот на Бангладеш.

Симпатизерите на исламистичката партија на Џамат е-Ислами со камења ја гаѓаа полицијата и ги блокираа патиштата во Читагонг, околу 200 километри југоисточно од главниот град Даке. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Протестот е организиран откако Судот за воени злосторства изрече смртна казна на лидерот Ислами, за злосторства сторени за време на војната за независност во 1971 година. Во вчерашните протести загинаа околу 42 лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници