Протести во Сао Паоло за изградба на станови по пониски цени

Од:

Неколку илјади демонстранти го прекршија ветувањето дека нема да организираат собири во бразилската економска престолнина Сао Паоло за време на Светското првенство во фудбал и синоќа одржаа протест.

Движењето на бездомните работници ги блокираа главните сообраќајници во градот, барајќи побрзо одобрување на планот за изградба на станови по пониска цена.

Пред почетокот на Мундијалот ова движење постигна договор со властите дека нема да организира протести, но неговите членови одлучиле да протестираат бидејќи општинскиот совет се обидел да ги блокира правилата кои ќе обезбедат вакви живеалишта.

Во градот Порто Алегре, каде исто така се играат натпревари од шампионатот, демонстранти излегоа на улиците со барање за подобар транспорт. Полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски