Протести во Ричмонд за слободно носење оружје

Од:

Во Ричмонд, главниот град на американската сојузна држава Вирџинија денеска ќе се одржи протест на приврзаниците за слободно носење на оружје.

Протестот е организиран откако Сенатот на Вирџинија усвои закони со кои се пропишува обврзна безбедносна проверка на купувачите на сите типови на оружје, купување на максимално еден пиштол месечно, како и забрана за внесување на оружје во јавните институции.

Се очекува да бидат усвоени и законите кои на судовите и локалната полиција ќе им даде овластувања да го одземаат оружјето ако проценат дека лицето е ризично по околината.

Лидерите на милитантните групи кои беа во Шарлотсвил на социјалните мрежи најавија дека ќе присуствуваат на протестот во Ричмонд за да искажат дека се против новите, рестриктивни прописи за оружјето.

Полицијата предупреди дека на протестот можно е да присуствуваат и неонацисти, кои би сакале да ја искористат можноста да предизвикаат немири.

Пред протестот во Ричмонд приведени се три мажи поврзани со насилната расистичка организација База, под сомнение дека ковале завера за убиство на членови на милитантната антифашистичка група.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија