Протести во Пакистан поради спорната одлука на Индија за Кашмир

Од:

Ширум Пакистан се одржуваат протести откако Владата соопшти дека најостро ги осудува уставните промени во Индија за регионот Кашмир.

Во Музафатабаду, главниот град на пакистанскиот Кашмир, што се наоѓа околу 45 километри од спорната граница со Индија, десетици демонстранти носеа црни знамиња, транспаренти со пораки против Индија и палеа автомобилски гуми.

Протестите избија по одлуката на индиската Влада да ја укина автономијата на Кашмир, чиј еден дел е во Пакистан.

Претходно, пакистанската Влада на Твитер објави дека „Индија ’стрелаше’ во основните човекови права на граѓаните на Кашмир со отповикување на членот 370“. Исто така наведе дека одлуката на Њу Делхи е кршење на резолуциите на Обединети нации.

И шефот на пакистанската дипломатија Шах Мехмуд Куриеши на Твитер ја осуди одлуката на индиската Влада. Тој додаде дека Исламабад ќе заземе цврст став на средбите со претставниците на меѓународната заедница.

Со претседателски указ Индија денеска го укина членот 370, уставна одредба што гарантираше специјалниот статус на Кашмир, договорен пред неколку децении..

Претседателот на пакистанскиот дел од Кашмир, Сардар Масут Кан ја отфрли индиската одлука и предупреди дека во таква ситуација Индија „може да влезе во војна со Пакистан“.

Џаму и Кашмир се состојат од три региони: хиндуистички Џаму, муислимански Кашмир и будистички Лаках.

Би можело да ве интересира

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите

Вработените од „Улици и патишта“ најавија целосна блокада на градот, доколку не земат плата

Протестираат вработени од „Улици и патишта“, бараат исплата на плата и К-15

(ВИДЕО) Инцидент во Земун, на протест нервозен возач ќе повредеше неколку граѓани

Горан Наумовски