Протести вo Израел против најавените буџетски штедења

Од:

Стотици Израелци протестираа синоќа во Тел Авив и другите градови во земјата против владиното одобрување на новиот рестриктивен буџет, пренесоа француските медиуми.

protesti-erusalim-2013maj1

Во споредба со минатата сабота овој пат мобилизацијата на граѓаните била послаба и во протестот во Тел Авив учествувале околу 2.000 лица наспроти 10.000 пред една недела.

Новиот министер за финансии Јир Лапид, кој за време на предизборната кампања се претстави како заштитник на средната класа, повторно беше главната цел на демонстрантите.

Не беше поштеден ниту премиерот Бенјамин Нетанјаху, кој минатата недела беше критикуван од медиумите за трошење на државни средства за кревет во неговиот службен авион.

Неколку стотици Израелци демонстрираа пред резиденцијата на Нетанјаху во Ерусалим и пред неговата приватна вила во Кесарија.

protesti-erusalim-2013maj2

Стотици Израелци, исто така, демонстрираа во Беер Шева, во јужниот дел на земјата.

Организаторите се обидуваат да го обноват протестното движење од летото 2011 година, чија кулминација беше излегувањето на приближно половина милион демонстранти по улиците.

Во вторникот израелската влада одобри нагласено рестриктивен буџет за 2013-2014 година, за кој ќе се гласа во Кнесетот пред крајот на јули.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски