Протести во Исланд поради повлекувањето на кандидатурата за членство во ЕУ

Од:

Околу 7.000 Исланѓани се собраа на протест во Рејкјавик поради одлуката на исландската Влада за повлекување на кандидатурата на Исланд за членство во ЕУ, соопшти полицијата.

Собирот беше организиран од четири опозициски партии, кои по одлуката на Рејкјавик да ја повлече кандидатурата, ги повикаа лидерите на ЕУ да „не го отпишуваат Исланд како кандидат за членство“.

Исланд во четвртокот соопшти дека ја повлекува својата кандидатурата за членство во ЕУ, за што ја известил Летонија, која е актуелн претседавач со Унијата и која за ваквата одлука ја информирала Европската комисија.

Повлекувањето на кандидатурата дојде две години по изборот на десноцентристичката евроскептична Влада на Исланд, која вети дека ќе го прекине процесот на присоединување кон ЕУ, што започна во 2009.

Вчерашните протести беа најмасовни протести во Исланд од оние во периодот на големата економска криза во 2008 и 2009 година, организрани со барање за оставка на тогашната Влада, која беше обвинета за крахот на трите најголеми банки во земјата.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ