Протести во Исламабад организирани од исламистички свештеник

Од:

Пакистанските сили за безбедност пукаа во воздух и употребија солзавец во главниот град Исламабад, во обид да се справат со антивладините протести, организирани од исламистички свештеник за кого се верува дека е поддржан од војската, јави БТА.

Илјадници учесници во протестот бараа политички реформи и изразија незадоволство од Владата, која ја обвинуваат за корупција и за немање слух за нивните проблеми.

Приврзаниците на проповедникот Мохамед Тахир ул Кадри фрлаа со камења врз полицијата. Портпаролот на Кадри изјави дека толпата ги спречила владините сили да го уапсат Кадри, додека шестмина негови приврзаници биле поврдени.

Повиците на Кадри ги поделија Пакистанците. Некои во него гледаат борец за реформи, додека други се сомневаат дека е лице поставено од влијателни воени службеници, кои имаат извршено многу преврати во историјата на Пакистан и често се мешаат во изборите. Армијата ги отфрла тврдењата дека го поддржува духовникот.

Кадри во декември се вратил во Пакистан од Канада, каде што живеел. Неговото вклучување во пакистанската политика ги разбуди сомнежите дека се обидува да ги саботира претстојните избори, закажани за оваа пролет.

Силите за безбедност соопштија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки да ги запрат демонстрантите кои, како што велат, планираат во Исламабад да создадат нешто слично на случувањата на египетскиот плоштад Тахрир.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица