Протести во Ерусалим поради полициска бруталност

Од:

Неколку десетици луѓе во Ерусалим, вчера протестираа поради неодамнешното убиство на Палестинец со аутизам.

Демонстрантите извикуваа „Насилен полицаец мора да биде во затвор“ и носеа слики од 32-годишниот Палестинец, Ејда Халака, кој беше убиен на 30 мај од страна на изреалските полицајци.

Слични протести се одржаа и во Хаифа и Јафа, а полицијата соопшти дека се приведени шест демонстранти.

Израелскиот претседател, Рувен Ривлин изјави дека земјата мора да направи се што е потребно за да не се повтори таков ужасен инцидент.

Палестинските и изреалските групи за човекови права, веќе долго време ги обвинуваат израелските безбедносни сили дека користат прекумерна сила во некои случаи. Минатото лето еден полицаец уби изреалски тинејџер со потекло од Етиопија, а убиството предизвика големи протести од етиопската заедница поради односот на полицијата.

Би можело да ве интересира

Израелската армија влезе во Либан: Велат дека вршат „ограничени копнени операции“

Нетанјаху му се обрати на иранскиот народ: „Ќе бидете слободни и побрзо отколку што мислите“

Предраг Петровиќ

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

ВИДЕО: Подготвени сме за копнената офанзива на Израел порача заменик-шефот на Хезболах

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

ВИДЕО: Израел собори беспилотно летало над морето, објавено видео