Протести во Египет пред утрешниот референдум за уставот

Од:

Приврзаници и противници на предлог-уставот денеска протестираа ширум Египет пред утрешниот референдум.

Во Алаксандрија исламистите, поддржувачи на предлог-уставот и опозиционерите се судрија.

Во Каиро околу 2.000 приврзаници на претседателот Мухамед Морси се собраа пред џамија, во источниот дел од градот, како одговор на исламистичките партии да го поддржат предлог-уставот.

Опозицијата организира протести пред претседателската палата во Каиро.

Гласањето на референдумот ќе биде утре и на 22 декември. Утре ќе се гласа во Каиро, во Александрија, во Синај и уште во седум региони, додека на 22 декември ќе се гласа во 17 региони.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски