Протести со барање за импичмент на бразилската преседателка

Од:

Десетици илјади лица вчера присуствуваа на протести во над 50 градови во Бразил, од кои беше испратено барање за отпочнување постапка за импичмент на бразилската претседателка Дилма Русеф.

Учесниците на протестите, кои минаа мирно, ја обвинуваат Русеф дека е одговорна за корупцијата во власта. На собирите беа носени транспаретни со натписи: „Импичмент за Русеф“ и „Корупција: Уште колку долго ќе останет тука“.

На некои од протестите беа упатени и повици до Армијата на Бразил да изврши воен удар и да ја смени Владата.

Опозицијата ја обвинува Русеф, која својот втор претседателски мандат го започна во јануари годинава, дека е одговорна за застојот во бразилската еконмија, за растот на цените на енергенсите и за повеќе корупциски скандали.

Вчера во Бразил се одбележа 30-годишнината од обновата на демократијата по дводецениската воена диктатура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски

Бразилската полиција го идентификуваше бомбашот пред Врховниот суд

ВИДЕО: Бразилски политичар удри конкурент со стол за време на дебата