Платформата „Стоп на владата” која се состои од чешките синдикати, граѓански иницијативи и здруженија, најави демонтрации на 17 ноември.
Според шефот на Чешкоморавската конфедерација на синдикатите (ЧМКОС) Јарослав Завадил, владата по неодамнешните регионални и сенаторски избори, го изгубила мандатот за да ја води земјата.
Протестите под мотото „Демократијата изгледа поинаку“ се планира да се одржат во чешкиот главен град, на денот кога се празнува Кадифената револуција.
На 17 ноември 1989 година во поранешна Чехословачка се случија мирни студентски демонстрации кои доведоа до падот на комунистичкиот режим во земјата.
На последните протести организирани од Иницијативата „Стоп на владата“ во април годинава, против владините реформи излегоа околу 100.000 луѓе.