Протести на противниците на законот со кој се дозволува вештачко оплодување за сите жени

Од:

Противниците на отворањето за асистирано медицинскo оплодување (ПМА) на сите жени денес протестираат во Париз за да побараат повлекување на текстот за кој дебатираат пратениците.

Учесниците на демонстрациите дојдоа од цела Франција за да го искажат своето противење на отворањето на ПМА за сите жени. Овие демонстрации доаѓаат седум години по големата мобилизација против бракот за сите.

22 главно христијански здруженија, вклучително и Маниф за сите, Алијанса Вита, Католички семејни здруженија … но и политичари од редовите на десницата Франсоа-Ксавиер Белами, Херве Маритон или Рашида Дати (републиканци), Луис Алиот, Гилберт Колар и Марион Маршал (Национален собир) … демонстрираат во близина на Сенатот, каде што специјалната комисија од 15 октомври ќе дебатира на предлог-законот за биоетика.

Малкумина избрани политичари го најавија нивното пристигнување.

-Речиси две години, нашите обиди за дијалог никогаш не биле успешни (…) ни остана само улицата за да не слушнат, рече претседателката на „Маниф за сите“ Лудовин де ла Рошер. Според неа „оваа демонстрација е предупредување за владата. Дали таа ќе го отвори дијалогот или ќе остане како Оланд во 2012 година со презир?

Во 2012-2013 кога се демонстрираше против бракот за сите на улиците според властите се појавија околу 340 000 противници, додека според организаторите тие беа околу 1,4 милиони.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Приведен е старецот кој со нож ги нападна студентите во Нови Сад

А1он

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

ВИДЕО: Демонстрантите во Нови Сад удираат и понижуваат постара жена

И со покачување од 30 проценти ќе бидеме под просечната плата – протест на вработените во седум министерства и неколку институции

(ВИДЕО) Илјадници Грузијци протестираа против владата на православниот Бадник

ВИДЕО: Објавена листата на десетте најпосетувани градови во 2024