Протести на двогодишнинта од египетската револуција

Од:

Големи демонстрации денеска се очекуваат во Египет на двогодишнината од револуцијата со која е соборен Хосни Мубарак, по што власта ја презедоа исламистите.

Демонстрантите ќе се соберат на Плоштадот Тахрир, каде некои ја поминаа ноќта по вчерашниот судир со полицијата.

Опозицијата повика на масовни протести против претседателот Мухамед Морси и Муслиманското братство користејќи го истиот слоган од 2011 година „Леб, слобода, социјална правда“.

– Да излеземе на плоштадите и конечно да ги оствариме целите на Револуцијата, напиша опозицискиот лидер и поранешен директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Мухамед ел Барадеј на својот Твитер.

Муслиманско братство официјално не повика на масовна прослава туку најави дека  двогодишнината ќе ја одбележи со хуманитарна иницијатива „Да го изградиме Египет заедно“.

Масовните протести почнаа на 24 јануари 2011 година со кои Мубарак беше принуден да ја напушти власта.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет