Протести и во Амстердам поради договорот за слободна трговија со САД и Канада

Од:

Неколку илјади луѓе денеска протестираа во Амстердам против плановите на Европската унија да потпише договор за слободна трговија со САД и Канада, познат како Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство (ТТИП).

Протестот во Холандија е организиран од синдикатите и организациите за зачувување на природната средина.

Противниците на ТТИП стравуваат дека договорот ќе придонесе меѓународните корпорации да имаат поголема власт и ќе доведе до намалување на стандардите за безбедност на прехранбените производи.

– Отпорот станува се поголем, изјави портпаролот на организаторот на протестите, според кој учествувале над 7.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски

Силна експлозија во Холандија

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски