ВИДЕО: Протести и апсења во Австралија поради ограничувањата воведени заради борба со пандемијата

Од:

Австралиската полиција уапси стотици демонстранти кои протестираа против новите „затворања“ во Мелбурн и Сиднеј, а во судирите се повредени седум полицајци.

Полицијата на коњи употреби бибер спреј во Мелбурн за да растера толпа од околу 4.000 луѓе кои се втурнаа кон кордонот, додека во Сиднеј помалите групи беа спречени да се спојат.

Полицијата во австралиската држава Викторија соопшти дека во Мелбурн се уапсени 218 лица, и дека се изречени 236 казни, додека три лица се задржани во притвор поради напад врз полицајци. Уапсените се соочуваат со казни од по 3.900 долари за кршење на забраната за јавни собири.

Полицијата на Нов Јужен Велс, чиј главен град е Сиднеј, соопшти дека 47 лица се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир или пружање отпор при апсење, како и дека се изречени повеќе од 260 казни во износ од 35 до 3.000 долари. Според полицијата, околу 250 луѓе успеале да влезат во градот за да протестираат.

Повеќето од 894 заразени регистрирани во изминатите 24 часа се во Сиднеј, кој е епицентарот на епидемијата на делта варијантата на коронавирусот..

Од почетокот на пандемијата во Австралија, нешто повеќе од 43,000 луѓе се заразени со коронавирусот, а 978 починаа, што е релативно ниска стапка во споредба со другите развиени земји.

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он