Низ улиците на Москва денес ќе се организира протстен марш посветен на убиениот руски опозиционер Борис Немцов. Маршот ќе се одржи наместо планираниот голем протест на опозицијата против војната во Украина.
Протстот е предвиден да започне во 14 часот, а по еден час ќе започне и маршот низ московските улици. Руските власти синоќа издадоа одобрение за собирот и дозволија присуство до 50.000 луѓе.
Од Националниот Инспекторат велат дека се истражуваат неколку мотиви за убиството вклучувајќи ја и можноста опозицијата да го убила за да се оцрни името на претседателот како и можноста Немцов, кој бил Евреин, да е убиен од радикалните исламисти.
Немцов, лидерот на опозициското „Движење на солидарноста“ во петокот вечерта беше убиен со четири куршуми испукани од автомобил во движење додека се шетал на московскиот мост Бољшој Камени.