Протест во Лондон инспириран од „жолтите елеци“

Од:

Стотици демонстранти инспирирани од француските „жолти елеци“ денеска во Лондон протестираа против владината програма за штедење што тешко ги погоди сиромашните.

Облечени во жолти елеци на кои пишува „Британија е скршена“, демонстрантите маршираа во Лондон барајќи од политичарите да обрнат внимание на нивната немаштија, наместо „бесконечно да бидат посветени на спектаклот што го следи процесот за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија“.

Покрај тоа, британските демонстранти сакаат да покажат солидарност со француските кои со недели организираат антивладини протести во Франција.

На протестите во Лондон се приклучија и неколкумина француски демонстранти.

Еден од нив, Ерик Симон (57) порача дека „сите европски земји мора да се здружат во борбата против мерките за штедење“.

Би можело да ве интересира

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти