Протест на полските земјоделци поради увоз на жито од Украина

Од:

Полските земјоделци ги блокираа патиштата на границата на Подлаското и Вармиско-Мазуриското војводство поради увозот на жито од Украина и непочитување на договорот истото само да транзитира низ земјата до Африка или Блискиот Исток.

Земјоделците обединети во здружението Агрунија ја предупредија полската Влада дека житото од Украина, кога не се транспортира веднаш, зафаќа простор во силосите што ги користат полските земјоделци.

Агроунија најавува дека доколку полските власти на 11 јануари nе почнат со инспекции, ќе организираат големи протести и блокади на патиштата низ цела држава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина