Во Бангладеш започна масовен марш на исламисти, кои се движат кон француската амбасада во Дака.
Денешниот протест, на кој повторно учествуваат десетици илјади исламисти, е само продолжение на минатонеделните собири во Бангладеш. Тогаш францускиот претседател Емануел Макрон беше нарекуван „сатанист“, а демонстрантите палеа негови фотографии. Слични протести се одржуваа и во Пакистан.
BREAKING – Massive Islamist march on its way to siege the French Embassy in #Bangladesh's capital city #Dhaka.pic.twitter.com/C9OLbryr1H
— Disclose.tv ? (@disclosetv) November 2, 2020
Гневот на исламистите започна поради објавувањето карикатура на пророкот Мухамед во француското сатирично списание „Шарли Ебдо“, инаку познато по провокативните цртежи, но и поради „одбрана“ од страна на Макрон за францускиот весник и „слободата на изразување“. Незадоволството завршило со секојдневни протести и бојкотирање на француски производи.
На денешниот марш е запалена кукла со ликот на францускиот претседател, а демонстрантите извикувале дека е недозволиво навредување на пророкот Мухамед.