Протест на илјадници лекари и здравствени работници во Варшава

Од:

Илјадници лекари, медицински сестри и здравствени работици протестираа денеска во Варшава со барање да се зголеми буџетот за здравство.

– По шест години студии и три месеци стаж добивам плата од околу 500 евра месечно. Едно семејство не може да живее со тие пари, изјави еден од демонстрантите.

Околу 6.000 демонстранти, кои пристигнале од цела Полска, го изразија незадоволството од здравствениот систем во земјата, малите плати и најмногу од заминувањето на младите лекари, кои бараат работа во странство.

Учесниците во протестот нагласија дека Полска е една од земјите во Европа, ако не и првата, со најмал број на лекари по глава на жител.

Целта на денешниот протест е итно зголемување на буџетот за здравство според препораките на Светската здравствена организација до 6,8 отсто од бруто домашниот производ, наспроти сегашните 4,5 проценти.

Во јули полската Влада соопшти дека таа цел би можела да биде постигната дури во 2025 година, што предизвика гнев кај лекарската фела.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата