Протераниот ирански принц тврди: Режимот во Техеран е многу блиску до колапс

Од:

Иранскиот протеран престолонаследник Реза Пахлави, чиј татко беше последниот шах на Иран пред револуцијата во 1979 година, денес изјави дека режимот во Техеран е „многу блиску до колапс“ поради масовните антивладини протести низ целата земја.

Пахлави оцени дека ова е еден од најзначајните бранови на незадоволство во последните децении.

– Земјата никогаш не видела таква можност да ја собори владата. Повеќе од сто градови и милиони луѓе се на улиците скандирајќи „Смрт на диктаторот“. Режимот се распаѓа и е многу блиску до колапс, рече Пахлави, објави „Фокс њуз“.

Тој истакна дека сегашните протести се разликуваат од претходните во однос на обемот и општествената структура на учесниците, наведувајќи дека им се придружиле и членови на влијателната трговска класа.

Тој, исто така, ги повика членовите на иранските воени и безбедносни сили, како што рече, „да го положат оружјето и да застанат со народот“, нагласувајќи дека целта на движењето е мирна транзиција на власта.

Пахлави додаде дека е подготвен да се врати во Иран доколку режимот биде соборен, нагласувајќи дека се залага за мирно завршување на кризата преку национален референдум и формирање на уставотворно собрание.

Според новинската агенција на активистите за човекови права (HRANA), најмалку 36 лица беа убиени за време на протестите, додека илјадници беа приведени.

Демонстрациите беа поттикнати од тешката економска состојба и падот на вредноста на националната валута.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД се подготвени да реагираат доколку иранските власти им наштетат на демонстрантите, пренесува Танјуг. Иранската државна новинска агенција ИРНА објави дека иранските воени претставници ги сметаат изјавите на Трамп за закана и предупредија на можен одговор.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ајатолахот Хамнеи го нападна Трамп во првото обраќање од масовните протести во Иран

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Масовни протести во Иран, запалени владини згради, најмалку 34 лица убиени

Катерина Ѓуровски

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ е потребна на Америка, туку на Кина, и затоа го уапсивме Мадуро

Протестите во Иран под лупа: Трамп најавува „силен удар“ ако има жртви

(ВИДЕО) Немири во Иран: Западните извори известуваат за најмалку 20 загинати

„Тајмс“: Западните разузнавачки служби откриваат дека Хамнеи подготвува план за бегство