Проруските сепаратисти најавуваат голема офанзива за ослободување на ДНР

Од:

Украинските сили и понатаму ги бранат градовите Бакмут и Сиверск, соопшти украинската армија известувајќи за големата руска офанзива во Доњецк.

– Непријателот продолжува со обидите за напад во правец на градовите Бакмут и Сиверск, но наидува на силен отпор од украинските сили. Во исто време Русите ги интензивираа нападите во правец на градот Авдијевка и се обидуваат да ги подобрат своите тактички позиции. Но, тие не успеаја и се повлекоа, се наведува во соопштението на украинската армија.

Авдијивка се наоѓа во непосредна близина на градот Доњецк, кој и покрај повеќемесечните бомбардирања сè уште е под контрола на Украинците.

Додека портпаролот на силите на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин, тврди дека во тек се подготовки за „извршување на планираните задачи за ослободување на територијата на републиката. Тоа се случува на подрачјата на Авдијвка и Хорливка”.

– Целта на силите на ДНР е да се опколат украинските борци во Бакмут и да обезбедат територијата контролирана од ДНР да биде надвор од дострелот на украинската артилерија, истакна Басурин, додавајќи дека напредувањето на силите на ДНР и руската армија ќе ги „присили” украинските сили да се повлечат длабоко на територијата на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он