Проруските сепаратисти го ослободија шведскиот набљудувач на ОБСЕ

Од:

Шведскиот воен набљудувач, кој беше киднапиран од проруските сепаратисти, е ослободен поради медицински причини, соопшти претставник на сепаратистите.

Шведскиот набљудувач бил допратаен до возилот на ОБСЕ од тројца невооружени мажи. Претставник на сепаратистите изјави дека Швеѓанецот е ослободен поради тоа што е дијабетичар.

Проруските сепаратисти во петокот киднапираа 13 луѓе од кои осуммина членови на воената мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), четворица украински војници и нивниот возач.

Претходно, самопрогласениот градоначалник на Славјанск, Вјачеслав Пономаров изјави дека набљудувачите на ОБСЕ се воени заробеници и додаде дека еден од 13-те заробени лица, возачот на групата, бил ослободен.

На денешната прес-конференцијата, организирана од сепаратистите, членот на набљудувачката мисија, германскиот полковник Аксел Шнајдер изјави дека „никој не го допрел“ и оти немало физичко малтретирање врз групата набљудувачи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски