Пронајдено златното јајце вредно милион евра

Од:

Француската полиција во близина на границата со Швајцарија го пронајде златното јајце, кое пред четири години беше украдено во Женева.

zlatno-jajce-01

Јајцето направено во стил на Фабержеовите јајца е пронајдено во автомобил марка „БМВ, управуван од двајца државјани на Белорусија кои веднаш се приведени.

Уште еден државјанин на Белорусија, кој живее во Швајцарија е притворен.

Приведените во текот на истрагата, потврдиле дека случајно го пронашле јајцето пренесе „Франс прес“, повикувајќи се на неименувани полициски извори.

Јајцето е направено од околу еден килограм злато, украсено со многубројни скапоцени каменчиња, а беше украдено 2009 година од една Кувајтска фирма во Женева.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина