Пронајдено присуство на полониум на облеката на Арафат

Од:

Швајцарските експерти за радијација потврдија дека пронашле полониум на облеката на покојниот палестински лидер Јасер Арафат, што ја потврдува можноста дека долгогодишниот палестински лидер бил отруен.

Во извештајот, кој го објави медицинското списание „Лансет“, тимот експерти пружил научни детали за медицинската изјава дадена во 2012 година, кога е кажано дека на работите на Арафат е пронајден полониум.

Арафат почина во француска воена болница покрај Париз на 11 ноември 2004 година, но лекарите не можеа точно да кажат од што. Обдукција тогаш не беше извршена, на барање на неговата вдовица.

Неговите посмртни останки се ексхумирани во ноември минатата година и земени се примероци, меѓу останатото, за да се утврди дали е отруен.

Сомнежот се зголеми по убиството на поранешниот руски шпион Александар Литвиненко во 2006 година. Меѓутоа, истрагата се уште трае и ја водат одвоено тимови во Франција, Швајцарија и Русија.

Во извештајот осум научници, кои работат во Институтот за радијациска физика и Универзитетскиот центар за судска медицина во Лозана, соопштија дека радиолошки биле тестирани 75 примероци.

Триесет и осум примероци се земени од работите на Арафат, вклучувајќи ги долната облека, шубарата, четката за заби, болничката капа и тренерката, која ја дала неговата сопруга Суха Арафат. Тие се тестирани заедно со 37 примероци памучна облека, за споредба, која е чувана десет години и била заштитена од прашина.

Неколку примероци, кои содржат дамки од телесни течности (крв и урина), содржеле повеќе полониум 210 од примероците, со кои се споредени, се наведува во извештајот, со костантација дека тие наоди ја поддржуваат можноста за труење на Арафат со полониум 210. Примероците на полониум се измерени на неколку милибекерели, што е единица на радиоактивност.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации