Пронајдено едно од киднапираните девојчиња во Нигерија

Од:

Едно од девојчињата, кои уште во април 2014 година беа киднапирани од екстремистите на Боко харам, е пронајдена, јави денеска Би-Би-Си. 

Тоа е прво девојче пронајдено откако повеќе од 200 беа киднапирани од средно училиште во Чибок, североисточна Нигерија.

Активистите тврдат дека Амина Али Нкеки е пронајдена вчера во шумата Самбиса, во близина на границата со Камерун.

Нејзин роднина тврди дека ја пронашле нигериски војници додека скитала низ шумата.
Амина Али (19) е бремена. Таа ќе биде вратена дома, каде ја чека нејзината мајка, а татко и починал додека била заробена, изјави роднината на Нкеки.

Девојчињата кога беа киднапирани беа на возраст од 12 до 15 години,
По киднапирањето на девојчињата, лидерот на Боко харам, Абубакар Шекау тврдеше дека ќе ги продаде девојчињата бидејќи се „негова сопственост“.

Нигериските власти оттогаш се обидуваат да ги ослободат киднапираните девојчиња.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он

Вооружени банди во Нигерија убиja над 38 луѓе и запалија 100 куќи