Пронајдени уште две тела на жртви од експлозијата на товарниот воз во Канада

Од:

Полицијата во канадскиот град Лак-Мегантик, каде пред десет дена од шините излета товарен воз со 72 вагон-цистерни со нафта, по што дојде до експлозија, пронајде уште два безживотни тела.

Како што пренесе Танјуг, полицискиот инспектор од провинцијата Квебек, Мишел Форже, изјави дека  досега се пронадени телата на 37 лица, додека уште 13 и натаму официјално се водат како исчезнати, иако се претпоставува дека се загинати.

Во меѓу време, Двајца жители на Лак-Мегантик, Ги Веле и Јаник Гање, синоќа поднесоа тужба против железничката компанија во чија сопственост беше возот, барајќи компензација за повредените и за оние кои во несреќата загубија членови на семејствата.

Веле во експлозијата на возот ја загуби партнерката, Дијан Бизије, додека кафулето на Гање, „Муси кафе“ беше срамнето со земја. Во тоа време кафулето било полно со луѓе, за кои се претпоставува дека загинале.

Во експлозијата на вагон-цистерните со нафта со земја беа срамнети четири станбени блокови, вклучувајќи 30 објекти, меѓу кои и локалната библиотека, а приближно 2.000 од 6.000 жители на Лак-Мегантик беа присилени да ги напуштат своите домови.

Претседателот на железничката компанијата, Едвард Буркхарт, уште минатата недела им се извини на граѓаните на овој  канадски град и ја призна одговорноста на својата фирма за несреќата, бидејќи еден нејзин вработен неправилно ги наштелувал сопирачките на возот.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто