Пронајдени сперматозоиди стари 17 милиони години

Од:

Група научници во австралиското палеонтолошко наоѓалиште Риверслај во Квинсленд го открила најстариот примерок на фосилизирани сперматозоиди на мали ракчиња, кои живееле пред 17 милиони години.

Палеонтолозите сперматозоидите ги пронашле во репродуктивните органи на ракчињата остракод, крлушкари што живееле во слатките води. Риверслај е светски познато наоѓалиште на фосили и датира од периодот на миоцен.

„Пронаоѓањето на толку стари и толку добро сочувани фосилизирани сперматозоиди за нас беше целосно неочекувано, заради што со нетрпение се прашуваме што уште, заради исклучителната зачуваност на фосилите, на ова место ќе пронајдеме”, рече Мајк Арчер од Универзитетот во Нов Јужен Велс.

Ова палеонтолошко наоѓалиште е местото каде што беа откриени бројни австралиски животни од предисторискиот период, како кенгурот месојад.

Според Арчер, откритието на сперматозоидите е исклучително и заради големината на пронајдените примероци.

Микроскопското истражување покажа дека фосилите содржат зачувани внатрешни органи на остракодот, вклучително и на органите за размножување. Во нив се наоѓаат и речиси совршено зачувани сперматозоиди со големина од 1,3 милиметри, што е речиси иста големина како и самите ракчиња.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска