Последното тело од авионската несреќа во Непал утрово е пронајдено, изјави портпарол на надлежниот орган за цивилно воздухопловство во Непал, Део Чандра Лал Карна.
Во авионот што се урна на планинско подрачје во Непал, имаше две лица од Германија, четири од Индија и 16 од Непал.
Авионот, произведен во Канада, се урна 15 минути по полетувањето од туристичкиот град Похара во неделата наутро.
Извор: МИА