Пронајдени останки на местото на падот на малезискиот авион во Украина

Од:

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека истражни органи пронашле неутврден број на останки од тела на местото каде што се урна малезискиот патнички авион во источниот дел на Украина.

Тој на прес-конференција во Хаг истакна дека спасувачки екипи од Холандија, Украина и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска имале ретка можност безбеднно да стигнат до местото, каде што се наоѓаат остатоци од авионот.

Пристапот до реонот е многу тежок поради борбите меѓу проруските сепаратисти и украинската војска.

Авионот се урна на 17 јули, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, од кои повеќето холандски државјани. Досега се идентификувани 284 жртви.

Руте нагласи дека посмртните останки ќе бидат испратени во Холандија за идентификација.

Би можело да ве интересира

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски

Муртезани во Киев потпиша Меморандум за соработка со Украина во процесот на ЕУ интеграција

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер