Пронајдени исчезнатите скулптури на коњите на Хитлер

Од:

Германската полиција открила две одамна загубени бронзени скулптури на коњи коишто нацистичкиот режим ги нарачал за Адолф Хитлер и коишто стоеле на влезот рајхскабинетот на фирерот.

Германската полиција ги претресувала во средата домовите на осум осомничени припадници на нелегална група трговци со уметнички дела и меѓу ремекделата запленети во десет претреси во пет германски сојузни држави запленети се скулптурите на коњите во природна големина, дело на Јозеф Торак, како и мермерен релјеф на Арно Брекер, пишуваат германските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Торак бил еден официјалните скулптори во нацистичка Германија. Статуите кои од 1989 година се сметаа за загубени о тогашна Источна Германија, тежат неколку тони. Според процените, тие на црниот пазар на уметнички дела чинат меѓу 1,5 и 4 милиони евра.

Според весникот Bild, скулптурите биле пронајдени во градот Бад Диркем во сојузната земја Рајнланд-Пфалц. Уметничките дела биле криени во еден магацин во некогашна советска касарна во Еберсвалде, во близина на Берлин. Останува да се види дали делата ќе станат сопственост на германската држава или ќе ги бараат наследниците на авторот.

Би можело да ве интересира

Папата во критична состојба

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Судот го одобри планот на Трамп: Вработените во УСАИД одат на принуден одмор

Маск со уцена до Киев: Договор за минералите или нема повеќе Старлинк