Пронајдени двете црни кутии од непалскиот авион

Од:

Спасувачките екипи ги пронашле двете црни кутии од патничкиот авион што се урна во близина на непалскиот град Похара, при што загинаа 68 патници, а уште четворица се водат како исчезнати, соопштија утринава властите.

Податоците од кутија што ги снима податоците за летот и друга што ги снима разговорите од пилотската кабина со контрола на летот би можеле да и помогнат на истрагата да ја утврди причината за падот на авионот што се урна при ведро време во неделата, непосредно пред да слета на аеродромот во туристичкиот град Похара.

Текнат Ситаула, претставник на аеродромот од Катманду, рече дека двете таканаречени црни кутии „се во добра состојба. Однадвор изгледаат добро“, рече тој.

Спасувачите во понеделникот ја продолжија потрагата по четири исчезнати лица, а Непал прогласи национален ден на жалост и формираше комитет за истрага на несреќата, кој ќе има задача да предложи мерки за да се избегнат вакви несреќи во иднина.

Досега се пронајдени телата на 68 лица, од 72 колку што се наоѓале во авионот АТР 72 во сопственост на Јети ерлајнс.

Би можело да ве интересира

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Најмалку 100 луѓе загинаа во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати

Повторно избегаа Непалци вработени во фирма во Охрид

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Во Скопје „исчезнаа“ работници од Непал

Горан Наумовски

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on