Италијанските власти соопштија денеска дека во остатоците од бродот „Коста Конкордија“ пронашле човечки останки, но дека тие засега не може да се идентификуваат.
Телата на две лица кои се водеа како настрадани во поморската катастрофа од јануари минатата година досега не беа пронајдени.
Во несреќата на бродот-крузер загинаа 32 лица,туристи кои беа на крстарење по Медитеранот,како и членови на екипажот.
Големиот брод, долг 290 метри,се наведна и остана полупотонат во морската вода,по ударот во одводните карпи,покрај брегот на италијанскиот остров Џилио.
„Коста Конкордија“ минатата недела беше успешно одделен од подводните карпи во кои остана заглавен 20 месеци,а потоа и исправен.Неговиот капетан,Италијанецот Франческо Скетино се наоѓа на судење,обвинет за небрежност и ненамерно убиство.
Тој е обвинет и дека е одговорен за тешката несреќа,како и за напуштање на бродот додека тој тонел во морето. На судењето капетанот Скетино го обвинува својот кормилар за ударот во подводните карпи,тврдејки дека не ги спровел неговите команди.