Пронајдена жената осомничена за убиството на две деца пронајдени во куфери

Од:

Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека Јужна Кореја уапсила жена осомничена за убиство на две деца чии тела биле пронајдени во куфери во август, објави Би-Би-Си.

Телата беа откриени од  странци кои купиле гардероба од магацин во Окленд. Во него пронашле куфери со тела на убиени деца кои наводно биле во нив со години. Полиција соопшти дека жртвите биле на возраст од седум и 10 години.

Полицијата соопшти дека соработувала со јужнокорејските власти во последните три недели за да ја бараат жената на 40-годишна возраст, откако минатиот месец објавија дека веруваат дека е во Јужна Кореја.

Во четвртокот наутро пронашле жена со корејско потекло како се крие во стан во градот Улсан. По неа е распишана меѓународна потерница од Интерпол.

Локалните медиуми објавија дека се верува дека осомничената е поврзана со децата. Тие пишуваат дека семејството живеело во Оукленд неколку години и дека таткото на децата починал пред нивната смрт.

Според полицијата, семејството кое ги пронашло телата на почетокот на август немало никаква врска со смртта на децата и претрпела агонија по откривањето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска