Пронајдена последната работа на Да Винчи: Марија Магдалена со детето од Исус?

Од:

Сликата на мајка со дете повеќе од 30 години висела заборавена на ѕидот од куќата на еден лекар во Шкотска, пред нејзината сопственичка Фиона Мекларен да дојде до заклучок дека се работи за последната, недовршена работа на италијанскиот мајстор Леонардо да Винчи.

Фиона со години го игорирала овој уметнички украс, подарок на нејзиниот татко од некој задоволен пациент. Поради своето незнаење таа не ни внимала на неа кога ја реновирале куќата, па насекаде по давичевиот труд била напрскана боја.

Сепак, по внимателна анализа и студија, Фиона заклучила на сликата не е прикажана Богородица со Јован Крстител, туку Марија Магдалена со детето што го имала од Исус Христос.

Во својата книга која наскоро се очекува сите да можат да ја прочитаат „Da Vinci’s Last Commission: The Most Sensational Detective Story In The History Of Art“ таа наведува дека сликата содржи индиции што укажуваат дека романот на Ден Браун е всушност основан на вистинити факти за тајната љубовна врска на Исус Христос и Марија Магдалена.

Таа тврди дека сликата ја нарачал францускиот крал Франсоа Први и ја обвини католичката црква затоа што ја сокриле вистината за Исус, плашејќи се дека место папите- наследници на Свети Петар, со црквата ќе завладеат исусовите наследници. Планира да ја продаде сликата, веднаш штом ќе ја промовира својата книга за неа. Претпоставува дека ќе достигне сума од 150 милиони фунти, а потоа со нив ќе основа фондација за помош на деца без родители.

Професорот по уметност на Оксфорд – Универзитетот, Мартин Кемп, предупредува дека на сликата е најверојатно преставена Богородица со детето, слика каква што Да Винчи имал обичај често да прави. Според него бесмислено е некој во 16 век да направи некаква слика за Марија Магдалена и нејзиното дете од Исус, за потоа, по 500 години Ден Браун да може да напише книга за тоа. Или ако има некој таков, тоа сигурно не бил Да Винчи.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска