Пронајдена црната кутија од авионската несреќа во Пакистан во која загинаа 97 луѓе

Од:

„Пронајдена е црната кутија со сите податоци за летот, каде е снимена комуникацијата на пилотот и истата е предадена на истражната комисија“, изјави денеска Абдулах Кан, претставник на пакистанската авиокомпанија, по вчерашниот пад на пакистанскиот авион каде што засега се потврдени 97 жртви.

Пронајдени се само двајца преживеани.

„Сега е потврдено дека загинале 97 луѓе од авионот“, рече Миран Јусуф, портпаролка на прокринското Министерство за здравство.

Деведесет и еден патник и осум членови на екипажот се наоѓале во авионот „Ербас А320“, кој во петокот се урна во тесна улица во населено подрачје на Карачи, непосредно пред да слета на меѓународниот аеродром во овој град, потврди денеска портпаролот на пакистанската авиокомпанија. Ова значи и корекција на претходно споменатиот број на луѓе на летот ПК 8303, кога се сметаше дека биле вкупно 107, но офијално потврдена бројка е 99.

Според портпаролката, телата на патниците и екипажот биле пренесени во две болници, а досега се идентификувани 19 од нив.

Припадниците на армијата и службите за итни случаи ја минале ноќта користејќи тешки машини и хеликоптери за расчистување на областа, отстранувајќи ги урнатините од куќите и делови од остатоците на авионот.

Пронаоѓањето на двајцата преживеани, кои беа најдени уште на самиот почеток на спасувачката операција, остви надеж дека евентуално може да има и повеќе преживеани. Еден од преживеаните е претседател на Банката Панџаб, една од најголемите пакистански банки, изјави директорот на авиокомпанијата. Производителот на авиони „Ербас“ соопшти дека му дава техничка помош на Пакистан во истрагата за несреќата.

Шефот на „Пакистан интернешнл ерлајнс“ (ПИА), Аршад Малик, за чија компанија летал авионот на линијата ПК 8303, вети дека ќе спроведе транспарентна истрага со „Ербас“ за тоа што може да било причина за несреќата.

Авионот „Ербас“ летал од градот Лахор, на североистокот од земјата, кон Карачи на југ и се урнал во станбена зграда додека се приближувал кон аеродромот.

Пакистан ги продолжи домашните летови на 15 мај по карантинот поради коронавирусот. Меѓународните линии се во застој до крајот на мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Три лица загинаа при судир на два авиони во Австралија

А1он

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

ВИДЕО: Се урна авион во Непал, 18 мртви

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица