Двајца мажи кои боледувале од рак, но и биле заразени со ХИВ вирусот, по трансплантација на коскената срж не само што се излекувале од ракот, туку и се ослободиле од вирусот кој предизвикува сида.
Сето ова им даде надеж на научниците дека можеби е пронајден лекот против злочудниот вирус.
На двајцата мажи кои биеле битка со двете болести, им било советувано да направат трансплантацијата на коскената срж, во борбата против ракот. Но зачудувачки било и за нив и за лекарите кога по операцијата во нивните тела немало никаков знак од ХИВ вирусот.
Докторот Даниел Куритзек објаснува дека пациентите кои боледуваат од СИДА се подложни телото да им го нападне и рак, и во главно престануваат да ги земаат лековите за ХИВ кога ќе ја отпочнат терапијата за лекување од ракот. Тоа вели Куритзек помага вирусите да се вратат во нивното тело и да ги нападнат заболените клетки.
Околу 34 милиони луѓе ширум светот се заразени со ХИВ вирусот кој ја предизвикува сидата. Од сида досега умреле над 25 милиони луѓе. Не постои лек против овој вирус, но коктели од лекови може до некаде да го контролираат и да им го продолжат животот на заболените. Но сепак тоа не значи дека се излечени. И затоа научниците со години се обидуваат да пронајдат начин з атрајно отстранување на вирусот од телата на заболените. Овие случаеви секако даваат надеж дека научниците се на вистинскиот пат.