ФОТО: Пронајден истражувачки брод исчезнат пред 160 години

Од:

Еден од двата брода, исчезнати пред повеќе од 160 години, е пронајден за време на британска експедиција во водите на Арктикот, објави канадскиот премиер Стивен Харпер.

missing-ship4

Бродовите „Ербус“ и „Терор“, предводени од британскиот истражувач Џон Фреклин, последен пат се видени кон крајот на 40-тите години на 19. век, а Канада во 2008 година започна потрага по нив.

missing-ship1

Според Харпер засега не е јасно кој од двата брода е пронајден, но фотографиите покажуваат дека сигурно станува збор за еден од нив.

missing-ship2

Истражувачот Френклин со 128 членови на истражувачкиот тим исчезнале за време на експедиција почната во 1845 година во потрага по пат од Атлантскиот до Тихиот Океан.

missing-ship3

– Ова е историски момент за Канада, изјави премиерот Харпер.

Потрагата по бродовите на Френклин е еден од приоритетите на владата на Харпер.

Би можело да ве интересира

Девојка изгорела во индустриска печка во Волмарт, нејзиното тело го пронашла нејзината мајка

Канада ги повлекува децата на своите дипломати од Израел

Горан Наумовски

Канада ја прогласи Иранската револуционерна гарда како терористичка организација

Пукање во Торонто, тројца мртви, меѓу нив e и убиецот

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто