Пронајден човек постар од човештвото

Од:

Алберт Пери носел мистерија во својот Y хромозом, од својата ДНК структурата, кој открива нови информации за потеклото на нашиот вид, пренесе Б92.

Овој хромозом покажува дека последниот заеднички предок на мажите од нашата планета е
двапати постар отколку што претходно се мислеше.

Едно можно објаснување за ова откритие е дека пред неколку стотици илјади години модерните луѓе во тоа време се пареле со примитивните луѓе од Централна Африка.

Пери, кој почина неодамна, беше Афроамериканец кој живеел во Јужна Каролина. Пред неколку години, еден од неговите роднини даде примерок од неговата ДНК за компанијата „Семејно стебло ДНК“ за генеалошки анализи. Генетичарите со помош на овој примерок утврдиле како сме поврзани едни со други.

Стотици илјади луѓе досега ја дале својата ДНК за анализа. Податоците покажуваат дека сите мажи го добиле својот Y хромозом од заеднички машки предок. Овој „Адам“ живеел пред околу 60.000 до 140.000 години.

Тој е заеднички предок на сите мажи, освен на Пери. Кога техничарите се обиделе да го постават „Периевиот“ хромозом во ова „семејно стебло“, тој едноставно не се вклопил. Неговиот „Y“ хромозом бил сосема поинаков од сите претходни.

Мајкл Хамер, генетичар од Универзитетот во Аризона, слушнал за овој необичен случај и одлучил повторно да ја истражи работат. Неговиот истражувачки тим пронашол нешто необично: Пери не потекнувал од „Адам“. Всушност, неговиот „Y“ хромозом бил толку поинаков што според тимот истражувачи, неговата машка линија се одвоила од останатите пред околу 338.000 години.

Ово стебло на Y хромозомот е многу постаро отколку што досега се веруваше – вели Крис Тајлер Смит од „Trust Sanger“ Институтот во Велика Британија, кој не бил вклучен во студијата.

Тој тврди дека е неопходно да се направат повеќе истражувања со цел точно да се утврди неговата старост.

Би можело да ве интересира

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Ѓоргиевска: Со заеднички ангажман да ја поттикнеме и поддржиме научно-истражувачката дејност кај жените

А1он

Јапонски научници развиваат вакцина против стареење

Ана Ололовска

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата

Ана Ололовска

„Стенфорд“: Ајнштајн бил во право за црните дупки

Ана Ололовска

Откриена мистериозна ДНК која асимилира гени од различни организми

Ана Ололовска