Прометот од шверц на луѓе во Европа во 2015. меѓу три и шест милијарди долари

Од:

Шверцерите на луѓе, кои пренесуваат бегалци од Блискиот Исток во Европа, минатата година оствариле рекорден профит во вредност од меѓу 3 и 6 милијарди долари, изјави началникот на Европол Роб Вејнрајт за весникот „Индепендент он сандеј“, пренесува ТАСС.

Според Вејнрајт илегалниот шверц на луѓе е во конкуренција со трговијата со наркотици во однос на приходите.

Во последното истражување на властите во ЕУ од прашани 1.500 бегалци и економски мигранти, 90 проценти кажуваат дека платиле средства на криминални групи за да стигнат до Европа.

– Податоците на Управата на високиот комесар за бегалци на ОН покажуваат дека над еден милион луѓе, бегалци од војна, беда и прогон минатата година дошле во Европа. Освен тоа знаеме дека секој мигрант во просек плаќа од три до шест илјади долари за своето патување. Едноставната математика кажува дека прометот во 2015 година од шверц на луѓе бил од 3 до 6 милијарди долари, нагласува Вејнрајт.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Европол ја разоткри криминалната платформа „Дух“, уапси 51 лице

Горан Наумовски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Лажни покани за наводна истрага, измамници се претставувале во име на МВР и ЕВРОПОЛ

Карабинерите открија печатница за фалсификувани пари

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“