Пролетна сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа

Од:

Претседателите на Австрија и на Европската комисија, Хајнц Фишер и Жан-Клод Јункер и премиерите на Грузија  и на Турција, Гиорги Квирикашвили и Ахмет Давутоглу се меѓу главните личности кои ќе се обратат на пролетната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), во кое се претставени националните парламенти на 47-те земји членки на Советот на Европа.

Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, кризата со бегалците и мигрантите во Европа ќе биде една од главните точки на дневниот ред на сесијата.

Расправата според најавите ќе биде насочена кон одговорите кои Европа треба да ги даде за бегалците од Сирија, потоа за човековите права на мигрантите во земјите од Западен Балкан, како и новите влогови и предизвици кои ги носат принудните мигранти.

Меѓу другите теми на дневниот ред на ПССЕ, се наоѓаат уште и евалуацијата на мерките наменети за подобрување на политичката претставеност на жените, дебата во која ќе земе учество италијанската министерка за уставни реформи и однос со Парламентот Елена Боски.

На сесијата за дебата на парламентарците од 47 земји-членки на Советот на Европа е предложена и темата за радикализацијата на децата, хуманитарната грижа за лицата, кои се заробени за време на војната во Украина, ургентното раководење со јавното здравје и меѓународниот дострел на борбата против антисемитизмот во Европа.

Би можело да ве интересира

ПССЕ ја повика Турција да не го усвојува законот за криминализирање на „лажните или погрешни информации“

Ана Ололовска

ПССЕ повикува на мерки за борба против исламофобијата во Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе расправа за поддршката на европските перспективи на Западен Балкан

Ана Ололовска

ПССЕ: Руската Федерација повеќе не може да биде членка на Советот на Европа

Ана Ололовска

ПССЕ ќе одржи вонредна пленарна седница на која ќе се расправа за нападот на Русија врз Украина

А1он

ПССЕ бара засилување на борбата против така наречените злосторства поради „чест“

Ана Ололовска