Производството на биогориво му се заканува на квалитетот на воздухот во Европската унија, пишува денеска францускиот весник „Монд“.
Се работи за загадување кое може да влијае и на приносот на посевите, со тоа што намалувајќи го количество на хлорофил во посевите и размената на гасови предизвикува нивно уништување.
Научниците затоа, меѓу другото, сугерираат културите кои треба да служат за производство на биогориво, да се садат далеку од населените области или од местата каде што се одвива интензивно земјоделско производство за да се ограничи влијанието на озонот.
ЕУ настојува да достигне десет отсто обновлива енергија во транспортниот сектор до 2020 година во борбата против климатските промени.
Тоа, меѓутоа, во исто време би можело да го зголеми загадувањето на озонот и да предизвика годишно околу 1.400 предвремени смртни случаи, покажаа резултатите од истражувањето објавено во научното списание „Nature Climate Change“.