Од почетокот на април, во државите членки на ЕУ не смее да се продаваат лековити билки и природни лекови на база на тревки, што вклучува и чаеви.
Имено, на сила стапи нов закон кој пропишува природните лекови од билки пред да се продаваат првин да се истражуваат неколку години, а сертификат без кој не може да влезат на пазарот во ЕУ чини 100.000 евра.
Она што е особено важно е тоа што до оваа забрана мора да се придржуваат и многу држави кои што не се членки на ЕУ, а тоа се однесува на државите прописнички на Кодексот алиментариус.
Тоа значи дека државите на својата територија ќе го забранат бизнисот со тревки и нивните препарати, вклучувајќи ги и чаевите.
Многу држави веќе искажаа несогасување, а од Хрватска и Србија пристигнуваат најави дека ќе организираат протести.
-Новата директива на ЕУ практично го одзема правото на алтернативно лечење. Таа претставува пад на производство на медот и слични производи-порачаа тие.
Имено за да се дојде до сертификатот, со Законот за храна, односно Директивата 2004/24/ЕЦ е пропишано дека билките мора да се испитуваат неколку години, а истражувањето за секој производ чини околу 100.000 евра.
Елена Георгиевска