Прогноза на трендот во Австрија: Партијата на Курц јасен победник на изборите за ЕП

Од:

Народна партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц веројатно е јасен победник на денешните избори за Европскиот парламент, покажува прогнозата на трендот објавена по затворањето на избирачките места.

Излезноста на изборите беше над 50 проценти.

Врз основа на анкетирање на гласачите пред избирачките места, ОВП би можела да освои 34,5 отсто од гласовите.

Социјалдемократската партија (СПО) успеа да освои 23,5 отсто, а Слободарската партија (ФПО), која беше погодена од аферата „Ибица“, успеа да освои 17,5 отсто од гласовите.

Во Европскиот парламент влегуваат Зелените и Неос, со 13,5, односно отсто од гласовите.

Листата „Јецт“ не успеа да го мине цензусот.

ОВП, во споредба со изборите во 2014 година, значително да го подобри својот резултат, бидејќи тогаш освои 26,98 отсто од гласовите.

Тоа покажува дека ОВП успеа да профитира од политичките турбуленции во кои влезе австриската држава поради аферата за ФПО.

СПО имаше 24,09 проценти на претходните избори за ЕП, а сега претрпе мала загуба на гласови.

ФПО, која во 2014 година имаше 19,72 отсто од гласовите, не падна многу, со оглед на скандалот на лидерот Хајнц Кристијан Штрахе поради кој мораше да поднесе оставка.

Врз основа на овие резултати, ОВП ќе има седум члена во Европскиот парламент, што е два повеќе од претходниот.

Би можело да ве интересира

На Европа и се заканува „Трамп моментот“: Зошто изборите во ЕУ се многу важни

А1он

Макрон: Подготвен сум за дебата со лидерката на екстремната десница

Предраг Петровиќ

Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија

Ана Ололовска

Евроизбори: Голем одзив и јакнење на екстремно десните партии

Ана Ололовска

Историски резултат на италијанската екстремно десничарската „Лига“

Ана Ололовска

Булман: ЕПП повеќе нема политичка моќ, бараме нова коалиција