Прогласен e полициски час во центарот на Лос Анџелес

Од:

Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, прогласи полициски час во центарот на Лос Анџелес од 20 часот во вторник до 6 часот наутро во среда, велејќи дека го прави тоа за да ги спречи оние кои „ја искористуваат хаотичната ескалација на претседателот“ со распоредување на Националната гарда и маринци.

„Прогласив локална вонредна состојба и воведов полициски час во центарот на Лос Анџелес за да го сопрам вандализмот и грабежите“, им рече Бас на новинарите на вечерната прес-конференција, наведувајќи значителна штета на бизнисите и имотот.

„Полицијата ќе уапси лица кои го прекршуваат полицискиот час, ќе бидете гонети“, додаде таа.

Градоначалничката наскоро објави на X дека воведува полициски час од 20 часот (локално време) во центарот на Лос Анџелес, велејќи дека го прави тоа за да „ги спречи злонамерните актери кои ја искористуваат хаотичната ескалација на претседателот“.

„Ако не живеете или не работите во центарот на Лос Анџелес, избегнувајте ја областа“, напиша таа.

Протестите во Лос Анџелес против имиграциските рации и депортациите на мигранти траат од петок, а американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да одговори со распоредување на 4.000 припадници на Националната гарда и 700 маринци, спротивно на препораките на властите во Калифорнија.

Би можело да ве интересира

Трамп го напаѓа гувернерот на Калифорнија: Странски агитатори напаѓаат големи патриоти

2.100 членови на Националната гарда и маринци чекаат да бидат распоредени во Лос Анџелес

Трамп: „Странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес

Фетерман: Протестите во Лос Анџелес се анархија и хаос

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе возвратиме посилно од кога било

Американската војска потврди распоредување на околу 700 маринци во Лос Анџелес