Продолжуваат протестите во Романија, Владата не се откажува од декретот

Од:

Романската влада ги отфрли повиците да го повлече спорниот декрет, заради кој се организираат масовни протести низ земјата.

Откако синоќа повеќе од 250.000 луѓе протестираа низ улиците на Романија, денеска следеа првите знаци на пукање на единството на владата со оставката на еден министер и повикот на потпретседателката на владеачката партија да се повелече декретот.

Но, претседателот на социјалдемократите Ливју Драганеа рече дека премиерот Сорин Гринденау, кој Драганеа лично го избра да ја води владата, ја има целосната поддршка од партијата.

„Владата и партијата која што ја поддржува имаат намера да носат извршни и законодавни овластување кои им ги дадоа граѓаните“ изјави Драганеа по состанокот со високи странски дипломати со премиерот.

Запрашан дали планира владата да го повлече спорниот декрет, премиерот Гриденау кратко одговори дека тоа не им е во план.

Протестите во главниот град на Романија, но и во останатите градови ширум земјата продолжуваат и денес со ист интензитет.

Би можело да ве интересира

Во Романија пронајден руски дрон со експлозив

А1он

Романија нема да испрати мировни трупи во Украина

Во Романија уапсен прорускиот претседателски кандидат

Катерина Ѓуровски

Претседателот на Романија поднесе оставка

А1он

Силен земјотрес во Романија

Земјотрес ја погоди Романија