Продолжуваат нападите со дронови на руска територија, Москва објави дека урнала три

Од:

Руската противвоздушна одбрана собори украински беспилотни летала над руските региони Тула и Белгород, соопшти утрово руското Министерство за одбрана, без да прецизира дали има штета или жртви. Два беспилотни летала се уништени од воздушната одбрана над регионот Тула, јужно од Москва, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Уште едно беспилотно летало е уништено од руската противвоздушна одбрана над регионот Белгород, кој се граничи со Украина, синоќа околу 23 часот по московско време, соопшти Министерството во посебно соопштение. Министерството не соопшти дали има штета или жртви како резултат на некој од инцидентите.

Главниот град и другите руски региони беа цел на серија напади со украински беспилотни летала во последните денови, откако Киев вети дека ќе го „врати конфликтот“ на Русија претходно ова лето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Жесток руски напад на Запорожје, тројцата мртви

ВИДЕО: Голем украински напад, пожар во клучната руска база

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува